15.06.2022
Pаботна посета на Универзитетот „Мајка Тереза“
Раководството на Даути Комерц, предводено од страна генералниот директор г-дин Џемаил Даути и Хамим Даути беше во работна посета на Универзитетот „Мајка Тереза“ и беа пречекани од новоизбраниот ректор, проф.д-р. Изет Зеќири.
Овој состанок стана платформа за да се разговара за теми поврзани со развојот и економските перипетии на земјата, придонесот на компаниите и реалниот сектор, како и влијанието и соработката меѓу академската заедница и реалниот сектор.
Даути Комерц продолжува да придонесува за интензивна соработка помеѓу нашата компанија и универзитетите!
|