15.12.2022
„Даути Комерц“, придонес за одржлив економски и социјален развој
„Даути Комерц“, е компанија која својот развој не го гледа само во форма на успех на раст на капиталот, инвестиции и неговата големина на пазарот, но сепак е важно споменатите случувања да се испреплетени и здрава фузија помеѓу развојот на пазарот , развој на капиталот и општеството.
„Даути Комерц“, во последните 30 години, систематски вложува во создавање на здраво општество, дури и во 2022 година и покрај предизвиците на економските кризи, не се двоумеше да инвестира во доброто на општеството.
Обезбедување поддршка за различни проекти кои ги имплементира Фондацијата „Албиз“, како и преку други различни форми, во износ од 350.000 евра.
Преку програмата за студентски стипендии, нашата компанија има поддржано околу 100 студенти во текот на 2022 година во износ од 75.000 евра, во програмите за медицински третмани поддржани се повеќе барања во износ од 100.000 евра, во програмата за поддршка и развој на спортот „Даути Комерц“, има обезбедено поддршка од 60.000 евра, во инфраструктурни проекти во вредност од 80.000 евра, како и други проекти за развивање на вештините на младите, во вредност од околу 35.000 евра.
Во 2021 година, од Меѓународниот Совет за Трговија во Вашингтон, “Даути Комерц”, ја доби наградата CEO за годината, прва награда што ја добива компанија од Северна Македонија во конкуренција на повеќе од 4800 меѓународни компании. Оваа награда е освоена за добрите политики што компанијата ги има направено во однос на инвестициите во инфраструктурата на компанијата и општеството во време на пандемии и кризи.
Во наредниот период „Даути комерц“ останува да биде активен промотор на општествените промени преку поддршка на развојни проекти и нудење различни можности за поединци, институции, организации, спортски клубови и многу други платформи, со тенденција за создавање одржлив економски развој и социјални.