16.12.2022
Амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река во посета на компанијата „Даути-Комерц“
Амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река во посета на компанијата „Даути-Комерц“ Генералниот директор на компанијата „Даути-Комерц“, Џемаил Даути, придружуван од директорот на компанијата „Даути-Комерц“-Скопје, Хамим Даути, денеска на средба го прими амбасадор на Република Албанија, Фатос Река.
Се разговараше за последните случувања од економски аспект, регионалната економска криза, енергетската криза и можностите како да се надминат овие заеднички регионални предизвици во време на светската економска криза.
Директорот на компанијата „Даути-Комерц“, Џемаил Даути, го информираше амбасадорот Фатос Река за економската активност на компанијата, но и за тешкотиите што се појавуваат во време на криза на локалниот и регионалниот пазар. Тој дури рече дека регионалните пазари се соочуваат со истите предизвици и во Република Северна Македонија и во Албанија, но и во регионот на Западен Балкан.
|