13.03.2023





Џемаил Даути, се солидаризираме со граѓаните и ќе ја почитуваме одлуката на Владата

Премиерот г-дин Димитар Ковачевски, заедно со министерот за финансии, г-дин Фатмир Бесим, ја посетија компанијата „Даути-Комерц“, каде што остварија средба со генералниот директор г-дин Џемаил Даути, и директорот на „Даути-Комерц“-Скопје, г-дин Хамим Даути. Тие разговараа за одлука на Владата за замрзнување на цените на макароните и млечните производи и намалување на давачките за  царините.  

„Одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб ја додадовме со одлуки за замрзнување на цените на тестенините и намалување на царинските тарифи  како и замрзнување на цените на млечните производи. Поради оваа причина, денеска разговаравме со сопствениците на компанијата „Даути-Комерц“, кои ја поздравија оваа одлука како што е во нивен интерес и пред се во интерес на граѓаните. Да продолжиме и оваа година да ги поддржуваме граѓаните и компаниите и нема да дозволиме да се соочат сами, што ја носи економската и енергетската криза по конфликтите во Европа“, изјави премиерот Димитар Ковачевски. 

Министерот за финансии Фатмир Бесими, изјави дека со оваа мерка ги браниме и интересите на фирмите и на граѓаните. 

“Денеска во компанијата „Даути-Комeрц“ која е директно e поврзана со увозот на производи кои беа дел од владината одлука за замрзнување на цените, мерка која директно ќе влијае врз стандардот на граѓаните да бидат почувствителни на ценовната криза и во  тој начин основните производи ќе се обезбедат по цени кои се поприфатливи за граѓаните, без разлика на ценовната криза или инфлацијата. Со соработка на одлучување на политиката  со бизнис секторот директно ќе се влијае од една страна во намалувањето на царинските тарифи и од друга страна со управувањето на соработката со компаниите во однос на маржите зa да се обезбедат по прифатливи цени за граѓаните“, изјави Фатмир Бесими, министер за финансии . 

Генералниот директор на „Даути-Комерц“, Џемаил Даути, изјави дека ние како компанија сме чекале 30 години за овој момент царинските тарифи на тестенини да се тргнат, затоа што немат причина да се, бидејки нема домашен производ за да се бранат. “Ова доаѓа на еден момент кога ние перманентно, после овие две кризи кои беа поизразени како ковид 19 и војната во Украниа која има глобално влијание  на синџирот на снабдување  и инфлацијата во економија. Ни сме биле секогаш покрај владата, според нашите можности, во одлуките што ги преземаше владата во  ограничувањe нa маржи вo oграничување на цените, некогаш и со загуба да ги подржиме. И на овој момент од ова владина одлука, ке ги намалиме цените на тестенините на 15%. Колку малку и ние да придонесеме за остварување на стандардот на граѓанинот и на потрошувачот воопшто, што е владина политика што треба да се заштити и ќе продолжиме да сме конформ со овие политики“, Џемаил Даути, генерален директор на “Даути-Комерц„ 


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам