23.03.2023
Црвениот крст му додели признание на „Даути-Комерц“
Во знак на благодарност и солидарност, Црвениот крст на Северна Македонија му додели признание на компанијата „Даути-Комерц“за искажаната поддршка во вид на донација на финансиски средства во Фондот на солидарност на Црвениот крст, наменети за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија.
Оваа донација е дел што компанијата „Даути-Комерц“, за катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија го даде на Црвениот крст, а остатокот од донацијата е даден преку Фондацијата „Албиз“, Стопанската Kомора на Северозападна Македонија и Амбасадата на Турција во земјава.
Ова е само една во низата активности во знакот на корпоративната општествена одговорност на компанијата, која се темели на реализација на проекти со голем хуманитарен ефект, во интерес на оние на кои им е најпотребна помош, вреднувајќи ги хуманоста, човечката солидарност и општествената одговорност.
|