04.04.2023





Џемаил Даути, ги брои економските придобивки што ќе ги имаат компаниите со изградбата на Коридорот 8

Поставувањето на камен-темелникот на Коридорот 8, кој ја поврзува Северна Македонија со Република Албанија, беше високо ценет од сите граѓани, економисти и аналитичари. 

Во изјава за indeks.mk, генералниот директор и сопственик на една од најголемите компании во нашата земја, „Даути-Комерц“, Џемаил Даути, го поздрави овој коридор. 

Тој рече дека изградбата на овој Коридор ги поврзува двете земји, покрај придобивките и економските олеснувања што ќе ги донесе на компаниите, уште повеќе ќе го скрати и олесни за граѓаните на нашата земја, патот кон Албанија и обратно. 

Даути изјави дека овој Коридор директно ќе ги поврзе компаниите од земјава со пристаништето Драч, што ќе биде уште една придобивка. 

Според него, со изградбата на овој коридор од страна на меѓународно реномирана компанија, корист ќе имаат и многу наши локални компании, кои по договор ќе се вклучат во изградбата на самиот овој коридор. 


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам