11.04.2023
Замрзнување на цените, Даути: Да се тргнат царините
Краткорочните придобивки или долгорочните последици врз прехранбената индустрија ќе бидат предизвикани од замрзнувањето на цените, останува да видиме. Владата вели дека со овие мерки ги штити интересите на потрошувачите, но бизнисменот сопственик на „Даути-Комерц“, Џемаил Даути оценува дека интервенциите на пазарот не се пријатни за бизнисот.
Според него, до пристапни цени може да се дојде само доколку државата се откаже од даноците и царините, додека доколку некоја компанија ја искористи ситуацијата, државата е таа што може да спречи такво нешто преку своите инструменти.
„Не верувам дека ефектот од овие мерки ќе се очекува како што се очекуваше. Имајќи предвид дека слободниот пазар има големо ограничување каде брашното има 50% царина, овошјето и зеленчукот 60% царина, треба да се отстранат царините за да може секој да увезува и самиот пазар да се регулира. Доколку има бенефиции поради состојбите, а некој од стопанствениците или трговците го искористи тоа, Комисијата за заштита на конкуренцијата е таа што мора да интервенира преку нивните инструменти каде што може да ја конфискува остварената добивка“ - изјави бизнисменот Џемаил Даути, за МТВ2.
Џемаил Даути додава и дека од она што се забележува на пазарот е дека во наредните месеци може да очекуваме стабилизирање на цените на производите за широка потрошувачка.