26.04.2023





Директорот Џемаил Даути учествуваше на конференцијата организирана од претседателот Пендаровски

Генералниот директор г. Џемаил Даути, учествуваше на научно-технолошката конференција на тема „Традиционалните индустрии и креативните сектори попречени на патот на економската криза“, што ја организираше претседател на државата Стево Пендаровски. 

На оваа конференција беа отворени многу важни предизвици за иновативните технологии, миграцијата, образовните предизвици или недостатокот на висококвалификуваната работна сила со дигитални вештини, додека другиот предизвик беше политичкиот, етнизацијата на политиката, партизацијата на институциите и поларизацијата на општеството кои го остават на вториот план развојот на иновативниот екосистем. 

Конференцијата се одвиваше во неколку одделни сесии, на кои панелистите ги презентираа своите ставови за реформите во различни општествени сфери, со акцент на реформите во образовниот систем, за да ја подготви кадарот за потребите на пазарот на трудот. 


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам