25.05.2023
„Даути-Комерц“ ја проширува својата трговска дејност за медицински средства
Агенцијата за лекови и медицински средства, на компанијата „Даути-Комерц“, му додели одлука да врши дејност трговија на големо за трговија со првокласна медицинскi средства.
Компанијата ги исполни сите услови во однос на магацин, транспортни возила и стручен кадар, кои со закон ги бараше Агенцијата за лекови и медицински средства.
Во континуитет, нашата компанија ги прошири своите комерцијални активности, приспособувајќи се на потребите на пазарот на трудот, зголемувајќи ја слободната конкуренција и квалитативните услуги.
Медицинско средство е секој инструмент, апарат, уред, материјал или друг производ што се користи во хуманата медицина, што нема фармаколошко, имунолошко или метаболичко дејство, а се користи самостојно или во комбинација, вклучувајќи го и неопходниот софтвер за правилна употреба на средствa.