07.06.2023





Џемаил Даути: СКСЗМ идеатор на Националната стратегија за развој

Во изработката на Националната стратегија за развој која е иницирана од УНДП, директорот на компанијата „Даути-Комерц“, воедно и почесен претседател на СКСЗМ, г-дин Џемаил Даути, предложи неколку препораки кои ќе бидат дел од Националната стратегија за развој. 

“Стопанската Kомора на Cеверо-Западна Македонија е еден од главните чинители кој ја иницираше потребата од создавање на долгорочна развојна стратегија. Во изминатиот период политиките беа водени од страна на парцијални стратегии кои резултираа со субјективни проценки и тесни партиски интереси. Негативните влијанија се чувствуваа секаде, особено во економијата бидејќи отсуствуваше визија за насоката по којашто треба да се движиме. Изодевме голем дел од патот, но успеавме да дојдеме до впечатливи резултати. Во процесот на креирање на НРС се вклучени претставници на владата, на опозицијата, на МАНУ, невладиниот сектор..., односно сите засегнати страни, што само по себе говори за нејзиното огрoмно значење”, изјави за истражубањето на УНДП г.Џемаил Дауити.  


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам