08.06.2023





„Даути-Комерц“ има партнерства за соработка со 22 компании од Турција

Генералниот директор на компанијата „Даути-Комерц“, г. Џемаил Даути денеска го пречека високиот претставник за економски прашања и консултанти во турската амбасада во Скопје, г-дин Огужан Бербер. На средбата се разговараше за регионалната економска состојба, трговската размена меѓу двете земји и идната соработка меѓу компаниите од Република Турција и Северна Македонија. 

„Даути-Комерц“ има добра соработка со компании од Турција, каде во моментов има партнерства за соработка со 22 компании, а во иднина за соработка се нудат и голем број компании со производствена и комерцијална дејност. 

Директорот на компанијата, г-дин Џемаил Даути, рече дека производствените и трговските компании од Република Турција имаат успешна соработка со компаниите од Северна Македонија, каде што има разумна трговска размена, додавајќи дека овој тренд е во пораст. 

Од страна на директорот на компанијата, г-дин Џемаил Даути, побара ревизија на трговскиот договор меѓу Турција и Северна Македонија, за укинување на царинските давачки за извоз на стоки од Северна Македонија во Турција. 

 

 

 


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам