13.07.2023
Благодарница за 20-годишниот придонес на двајца вработени
Оценувањето на човечките ресурси е и ќе биде и во иднина приоритет на компанијата „Даути-Комерц“. Во континуитет, компанијата инвестираше во развојот и унапредувањето на својот професионален кадар, со иновативни промени во областа на економскиот развој.
Придржувајќи се до овие принципи, менаџментот на компанијата им сподели благодарници на двајцата вработени во сектор на сметководство на Цветанка Илковска и Велко Илковски.
Двајцата работници, работеле 20 години во компанијата во секторот сметководство и сега заминуваат во пензија. Во оваа прилика, менаџментот на компанијата „Даути-Комерц“ им посакува здравје, хармонија и срекен живот.
|