13.07.2023





Амбасадорот Рамчиловиќ во посета на „Даути-Комерц“ во Црна Гора

Амбасадорот на Северна Македонија во Црна Гора, Зекир Рамчиловиќ, ја посети компанијата „Даути-Комерц“ во Црна Гора. Амбасадорот Рамчиловиќ на средбата беше пречекан од менаџерот Елхам Даути, на кој се разговараше за економските предизвици во Црна Гора. Менаџерот Елхам Даути му се заблагодари на амбасадорот за посетата и посветеноста, како и го информираше амбасадорот за трговската дејност што „Даути-Комерц“ ја развива во Црна Гора, како компанија со потекло од Северна Македонија. Амбасадорот на средбата рече дека амбасадата во Црна Гора е отворена и во служба на компаните и секогаш ќе дава институционална поддршка за компаниите. Компанијата „Даути-Комерц“ својата тргововска дејност во Црна Гора ја развива од 2001 година. 


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам