06.12.2023





Главниот фокус на Даути-Комерц во иднина ќе биде извоз на роба кон ЕУ од домашни производители и производители од регионот

Даути-Комерц А.Д и во иднина за своја главна цел го има усовршувањето и развојот на професионална дистрибуција во нашата држава , но и во сите свои останати претставништва во Косово, Црна Гора и Албанија. Нашиот главен фокус ќе биде извозот на роба кон ЕУ од домашни производители и од производители од регионот, потенцира Џемаил Даути, генерален директор на Даути Комерц, во интервјуто за списанието ,Izvoz.mk’.

Тој додава, дека денес извезуват во Србија, Босна Херцеговина, Хрватска, Словенија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Франција, Италија, Германија, а ги истражуваме и можностите за пласман во Блискиот Исток и САД.

Заклучно со 30 септември 2022 година Даути-Комерц А.Д на основа на извозни документи има остварено 700.000 евра, а за истиот период ова година 2.000.000 евра. За тој позитивен тренд придонесоа многу фактор и покрај комерцијалните активности, а тоа се токму придобивките од олеснување на тарифните и нетарифните бариери.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам