08.12.2023
Од ТОП100 компаниите, „Даути-Комерц“ е рангирано на второто место
По параметрите и финансиски успех, компанијата „Даути-Комерц“ се рангира на второ место во ова издание на ТОП100 на Стопанската комора на северозападна Македонија. Наградата за компанијата и ја додели премиерот Димитар Ковачевски, а ја прими Хамим Даути, директор на „Даути-Комерц“ - Скопје.
Во континуитет, „Даути-Комерц“ е рангирана меѓу петте најуспешни компании во Северна Македонија, врз основа на нето добивката, регионалното учество, кадровското напредување, зголемената конкуренција и капиталните инвестиции.
За ова година забележа годишен промет од 60 милиони евра, нето добивка од 1,6 милиони евра, бројот на вработени 361, извоз од 2 милиони евра и инвестиции од 1,2 милиони евра.
Настанот ТОП 100 одбележува момент на благодарност и награда за најдобрите компании, нагласувајќи ги нивните извонредни достигнувања и нивната важност во промовирањето на конкуренцијата, но и во создавањето подобар животен стандард за граѓаните на нашата земја.
Стопанската комора на северозападна Македонија ја заокружи 2023 година со организирање на својата традиционална манифестација ТОП-100 по тринаесетти пат по ред, на која заедно се слави успехот на компаниите во земјава, како и нивниот придонес во економскиот раст и развој на земја.