18.12.2023





Семинар за подигнување на ефикасноста на концептот Овластен економски Оператор

Царинската управа во соработка со Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст, имплементирана од Паладиум Интернешнел и ИДЕАС ДеПо, денес одржа работилница за презентирање и подобрување на ефикасноста на програмата за Овластен економски оператор (ОЕО), на која беа вклучени сите релевантни институции во негова примена. 

На овој семинар учествуваше претставник на нашата компанија “Даути-Комерц“, Мухамед Ибрахими, на настанот беа присутни и претставници од бизнис заедница и иматели на одобренија за ОЕО, кои разменија искуства и мислења во насока на забрзување на движењето на стоките, олеснување на меѓународната трговија, како и нови деловни можности за ОЕО компаниите. 

Во моментов во државата има 27 компании – иматели на одобрение за ОЕО. Продобивките за овие компаниите значат примена на царински поедноставувања, побрзи и поефтини прекугранични постапки, приоритет при царинење и истите се третираат како доверливи партнери на Царинската управа, како и за другите државни институции вклучени во царинската постапка. 


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам