01.01.2024
„Даути-Комерц“ со успех ја заокружува 2023 година
По повод новогодишните празници, компанијата „Даути-Комерц“ организираше свечена манифестација со своето раководство во Приштина со комерцијалистите од „Даути-Комерц“ Северна Македонија, „Даути-Комерц“ Косово, „Даути-Комерц“ Црна Гора, и „Даути-Комерц“Албанија. Тие ја презентираа едногодишната работа што ја спроведоа, каде што беше констатирано дека имаат остварено успешна финансиска година и покрај предизвиците и економските кризи.
Компанијата „Даути комерц“ 2023 година ја заврши со годишен промет од 126 милиони евра, каде има раст за 18.28 проценти од претходната година.
Раководството на компанијата е задоволно од постигнатите резултати и успеси, но овој раст беше проекција на Одборот на сопственици и раководството на компанијата.
Генералниот директор на „Даути-Комерц“, г-дин Џемаил Даути, ги истакна предизвиците со кои се соочуваат регионалните пазари, во четири земји каде компанијата врши комерцијални активности. Тој рече дека имаме позитивни резултати, а тоа е резултат на постојаната посветеност на компанијата.
Како резултат на развојот, директорот, г-дин Џемаил Даути, рече дека компанијата е инвестира во Сарај-Скопје, Извознит Центар од 30 илјади м2, неговиот објект во Албанија и вториот објект во Урешевац-Косово.
Директорот г-дин Хамим Даути ги истакна иновативните политики во организацискиот план што компанијата ќе ги спроведе следната година, да понуди подобри услови за купувачите и да биде што е можно поконкурентна на локалниот и регионалниот пазар.
Раководителите на секторите и одделенијата детално го презентираа годишниот промет пред менаџментот, при што покажаа детали за секој сектор и за првите десет производи.