13.03.2024
Развојот на локалната инфраструктура беше тема на средбата со градоначалникот на општина Сарај
Сопствениците на компанијата, г-дин Џемаил Даути и г-дин Хамим Даути, му посакаа добредојде на градоначалникот на општина Сарај, г-дин Блерим Беџети. На средбата се разговараше за реализација на проекти за развој на локалната инфраструктура и за можностите за зголемување на инвестициските капацитети од приватниот сектор на територијата на општина Сарај.
Генералниот директор на компанијата, г-дин Џемаил Даути, го информираше градоначалникот за развојните проекти на компанијата „Даути-Комерц“ за изградбата на Извозниот центар, кој ќе биде основа за растот на извозот на локални производи на европските пазари.
|