24.09.2024
Државата доцни со повратот на ДДВ, неизвесно е фирмите кога ќе ги добијат парите
Рокот во кој државата треба да направи поврат е 30 дена, ако доцни треба да плати и камата, но тоа никогаш не се случило. Сакаме да се воведе компензација на ДДВ. Тоа значи дека при набавка на суровини, материјали компанијата да не го плаќа данокот на додадена вредност, туку таа сума да и биде одбиена од износот кој треба да го добие фирмата како поврат. Ова е нешто што бизнисот го бара со години, вели за Телма генералниот директор на Даути Комерц, Џемаил Даути
|