26.09.2024





Посета на Амбасадорот на Црна Гора во Даути Комерц: Разговори за Соработка и Нови Бизнис Иницијативи

Денес, во просториите на компанијата Даути Комерц се одржа важна средба со Амбасадорот на Црна Гора. Амбасадорот беше пречекан од Генералниот директор на Даути Комерц, г. Џемаил Даути. За време на средбата, беа разгледани прашањата поврзани со предизвиците и проблемите со кои се соочува компанијата Даути Комерц на пазарот во Црна Гора.

Една од главните теми на разговор беше иницијативата за основање на  Бизнис Совет помеѓу Македонија и Црна Гора, со цел да се олесни соработката и да се подобри деловната клима меѓу двете земји.

Дополнително, беше истакната важноста од продлабочување на соработката и олеснување на трговските процедури меѓу Северна Македонија и Црна Гора, имајќи предвид дека Даути Комерц успешно се претставува во регионот, со присуство во Северна Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам