24.01.2025





ДАУТИ КОМЕРЦ И НЛБ БАНКА РАЗГОВАРАА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

Генералниот директор на Даути Комерц, Џемаил Даути и раководителот на секторот за финансии, Јехона Даути, денеска во просториите на компанијата ги примија претставниците на НЛБ Тутунска банка: генералниот директор Тони Стојановски, помошник директор Константин Димов и Филип Блажевски, банкарски комерцијалист.
На средбата се разговараше за можноста за искористување на унгарскиот заем, како и за важноста од проширување на соработката меѓу страните, партнерство кое трае 17 години. Претставниците на банката ја истакнаа својата посветеност за поддршка на проектите за општествена одговорност на Даути Комерц, како што се оние за заштита на животната средина, социјалниот, економскиот, образовниот развој и други проекти, кои ќе се реализираат преку Фондацијата „Албис“.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам