11.02.2025
Даути Комерц на Саемот ИСМ
Меѓународниот саем ИСМ, кој се одржа во Келн, Германија, претставува еден од најважните настани во индустријата за слатки и грицки. Овој настан ги собира производителите, добавувачите и експертите од целиот свет со цел да ги претстават најновите иновации во оваа област.
Од Даути Комерц, на овој настан учествуваа Jетмир Даути, Јасин Даути, Елхам Даути, Енри Сакипи, Јасин Ејупи и Флорим Саити. Нивната главна цел беше да ги анализираат новите трендови на пазарот и да ги идентификуваат можностите за зголемување на ефикасноста и проширување на соработката со меѓународни добавувачи. Оваа година, саемот беше центар на иновации во области како суровини, технологии за преработка, материјали за пакување и безбедност на храна.
Зошто саемот ИСМ е важен за Даути Комерц?
Како водечка компанија во увоз-извозот на прехранбени производи, Даути Комерц не учествуваше на овој саем како изложувач, туку како стратешки набљудувач. Овој пристап им овозможи на тимот да ги анализираат најновите технологии и добавувачи во производството и преработката на храна, да ги истражат иновациите во еколошките и рециклирачките материјали за пакување, кои стануваат неопходност во согласност со новите европски регулативи. Да воспостават контакти со потенцијални партнери и да истражат нови деловни модели за увоз и дистрибуција на слатки и грицки. Да го разберат влијанието на вештачката интелигенција и автоматизацијата врз синџирите на снабдување и процесите на производство.
Какви придобивки носи овој саем за Даути Комерц?
Учеството на ваков саем претставува стратегиска инвестиција што носи повеќе клучни придобивки: подобрување на мрежата на добавувачи –идентификување нови партнери за квалитетни производи по конкурентни цени, развој на нови производни линии – запознавање со иновативни производи во секторот на слатки и грицки за проширување на асортиманот на Даути Комерц, воведување на најсовремени технологии – разбирање на најновите трендови во преработката и пакувањето на производите за подобрување на квалитетот и одржливоста. Усогласување со меѓународните регулативи – следење на стандардите за безбедност на храната и одржливите практики, кои влијаат на начинот на кој функционира пазарот. Оптимизација на логистиката и трошоците – споредба на најдобрите решенија за складирање, транспорт и дистрибуција на производите на домашниот и меѓународниот пазар.
Даути Комерц излезе од саемот ИСМ со нови сознанија и важни контакти, кои ќе влијаат врз стратегијата за увоз, подобрување на снабдувањето и адаптација на иновациите на македонскиот и регионалниот пазар. Ова учество беше значаен чекор за да остане конкурентен на прехранбениот пазар, носејќи квалитетни, иновативни и достапни производи за потрошувачите.
