19.02.2025
Даути Комерц на настанот на амбасадата на Косово по повод на Независноста
Џемаил Даути, извршен директор на Dauti Komerc, заедно со Јетмир Даути, Јасин Даути и Елхам Даути, новата генерација на раководството на компанијата Даути Комерц, синоќа присуствуваа на настанот организиран од Амбасадата на Косово во Скопје по повод независноста на Косово.
Поканети од амбасадорот Флориан Ќехаја и неговата сопруга Вјоса Мисини-Ќехаја, претставниците на Даути Комерц беа дел од овој значаен настан, на кој беше потенцирано значењето на економската соработка меѓу двете земји.
За време на своето обраќање, пред присутните, меѓу кои и високи државни, политички и културни личности, амбасадорот Ќехаја ѝ се заблагодари на компанијата Даути Комерц за континуираната поддршка на амбасадата и истакна дека трговската размена меѓу Косово и Северна Македонија ќе достигне речиси половина милијарда евра.
Даути Комерц останува посветен на зајакнување на економските врски и продолжува да биде доверлив партнер во развојот на соработката меѓу двете држави.

