19.02.2025





Средба меѓу Даути Комерц и Globe Williams Скопје

 

Претставниците на Даути Комерц, Џемаил Даути и Ибрахим Зенели, ја пречекаа делегацијата од Globe Williams Скопје, составена од извршниот директор Питер Сувацис и директорот Тасос Рафтис.

На средбата се разговараше за можноста за заемно користење на услугите што ги нудат двете компании. Globe Williams Скопје покажа интерес за користење на производите кои Даути Комерц ги продава на пазарот, услугата за постапување со отпад од дрво, хартија, пластика и слично, како и услуги за шпедиција и транспорт. Од друга страна, Globe Williams  како компанија со меѓународно искуство во управувањето со објекти и услуги за поддршка на бизниси, го претстави своето портфолио на услуги, вклучувајќи одржување, индустриско чистење и технички услуги.

Даути Комерц изрази интерес за истражување на можностите за оптимизирање на услугите кои би можеле да помогнат да се зголеми ефикасноста и да се подобри работењето на компанијата.

Состанокот послужи како прв чекор кон можна стратешка соработка, каде што двете компании ќе ги испитаат конкретните можности за интегрирање на услугите на Глоуб Вилијамс во активностите на Даути Комерц.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам