20.02.2025





Џемаил Даути дел од делегацијата што се сретна со претседателката Силјановска-Давкова

Почесниот претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), воедно и генерален директор на компанијата „Даути Комерц“, г. Џемаил Даути, оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска-Давкова, како дел од делегацијата предводена од претседателот на СКСЗМ, г. Менди Ќира.

Една од клучните теми на состанокот беше потребата од подобрена и посистематизирана комуникација помеѓу бизнис-секторот и државните институции. Во таа насока, г. Џемаил Даути предложи именување на посебен економски советник во кабинетот на претседателката. Ова би овозможило директен механизам за адресирање на предизвиците со кои се соочуваат стопанствениците.

Почесниот претседател на ОЕМВП, Џемаил Даути, побара од претседателот да влијае Владата да ги отстрани царините за производите кои имаат преференциална даночна стапка од 18% до 5%, со цел да се подобри стандардот на граѓаните. Претседателката Силјановска-Давкова нагласи дека економскиот развој не е возможен без силна борба против корупцијата и елиминирање на сивата економија. Во рамки на стратегиите за интернационализација на бизнисите, беше дискутирана и потребата од вклучување на претставници од приватниот сектор во официјалните меѓудржавни посети, со цел промовирање на економските интереси на земјата. Претставниците на СКСЗМ ја поздравија иницијативата на претседателката за формирање на Националниот совет за соработка со дијаспората, изразувајќи подготвеност да дадат свој придонес во неговата работа.

 


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам