04.03.2025





Вода „Ругова“ - Реакција на компанијата „Даути Комерц

Почитувани,

Во врска со објавата дека „по добиен лабораориски наод  од факултетот за ветеринарна медицина на Македонија, со лабораториски резултат број 2025/2/113 за пратка природна изворска вода Ругове од 1,5 л во количина од 22,338 кг по потекло од УЈ Ругове Косово наменета за оператор со храна АД Даути комерц Скопје е утврдено присуство на колиформни бактерии што не е во согласност со Правилникот за посебните барања  за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода (Служ.весник бр. 184/2018 ).Лабораторискиот наод е извршен со акредитиран метод  ISO/IEC/17025:2018 под број 2025/2/113.Производител УЈ Ругове, Косово.„ 

-Ве известуваме за следново:

Веднаш по ваквата анализа компанијата Даути Комерц поднел барање до АХВ на 24.02.2025 година да се започне втора анализа и за која микробиолошките резултати добиени на 27.02.2025,  од страна на акредитирана лабораторија  Фуд Лаб лабораторија за испитување на храна и дијагностика на болести кај животни, врз основа на која е  издаден Извештај бр. 038525 од 27.02.2025 година, според кој е анлизирана природна вода Ругове од 1.5 литри , лот LA023/25, со рок на траење до 29.01.2026 година . 

Во наведениов извештај наодот е дека испитуваниот примерок  ги задоволува критериумите за бараните параметри согласно  Правилник за посебните барања за безбедност на природнаминерална вода, изворска и друга пакувана вода(служ.весник бр. 184/2028 година) 

Ова го потенцираме особено заради фактот што  во ваков случај треба да се направат три испитувања за да се види дали водата е со квалитет  во согласнот со  Правилник за посебните барања за безбедност на природнаминерална вода, изворска и друга пакувана вода(служ.весник бр. 184/2028 година). 

Врз основа на сето горенведено бараме ваквата информација да ја објавите со цел  навремено и непристрасно информирање на јавноста  и спречување на можност за ширење на дезинвормации и  полувистини  околу исправноста на предметната вода  а сето тоа  во насока на тоа да не се предизвика непотребна штета на брендот УЈ Ругове која е во масовна употреба на пазарот во РСМ.

 

 


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам