08.03.2025
8 март во компанијата „Даути Комерц“
На овој посебен ден, во Даути Комерц ги прославивме и ценевме 120-те неуморни жени кои со својата посветеност се суштински дел од нашиот успех.
Утрото на 8 март беа пречекани со мало, но значајно изненадување – цвет поставен на масата, симбол на благодарност и почит за нивната секојдневна улога и придонес.
Успешната работна средина се гради со среќни и ценети луѓе и веруваме дека секој мал гест помага да се создаде позитивен и мотивирачки дух.
Среќен 8-ми Март!
Ви благодариме што сте силата, инспирацијата и срцето на нашата компанија.
|