03.04.2025
Рамазан Бајрам kaj Даути Комерц: Хармонија и традиција на работно место
Вработените во Даути Комерц го прославија Рамазан Бајрам со празнична атмосфера, внесувајќи дух на хармонија и соживот во работната средина. Тие заедно го прославија овој свет ден, нудејќи им на своите колеги традиционални слатки, како баклава. Симболичен чин кој ја нагласува важноста на соживотот и почитувањето меѓу различните етнички и верски групи.Покрај вработените кои го споделија овој момент на радост, за овој посебен ден придонесе и самата компанија Даути Комерц, која преку традиционалните слатки им го посладок денот на вработените. Овој едноставен, но длабок гест донесе позитивна и хармонична атмосфера на работното место.
На овој празник сите вработени ги изразија своите најдобри желби за Рамазан Бајрам, молејќи се за мир, здравје и просперитет за секој колега и муслиманските верници. Во Даути Комерц верската и културната хармонија е скапоценет вредност, која се одразува во секој работен ден.
|