15.04.2025





Интеринституционална соработка за повисоки стандарди за безбедност на храната

Во рамки на интеринституционалната соработка и билатералните договори меѓу Агенциите за храна на Северна Македонија и Косово, Даути Комерц ги презеде потребните чекори за регистрација на компанијата во регистарот на економски оператори. За таа цел, нашата компанија ја посетија претседателот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Фламур Кадриу, директорката на Дирекцијата за јавно здравје, Илирјана Зимберај, директорката на Инспекторатот и Шкељзен Морина, директор на Дирекцијата за администрација.

 

Овој процес се спроведува врз основа на ЦЕФТА-договорите и претставува значаен чекор за компанијата, имајќи предвид дека Даути Комерц оперира широко на пазарите на Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Косово и Црна Гора. По завршувањето на сличните фази со Албанија и Црна Гора, процесот со Косово претставува дел од стратешкото проширување на компанијата во согласност со законските барања и меѓународните стандарди.

 

Производите од животинско потекло бараат посебна грижа поради нивната чувствителност и строгата контрола од надлежните институции. Покрај тоа, Република Македонија има билатерални договори со Албанија и Црна Гора, според кои регистрациите се меѓусебно признаени. Додека со Косово постојат дополнителни фази на регистрација кои вклучуваат теренска проверка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово – процес кој веќе започна и за Даути Комерц.

 

Даути Комерц му дава највисок приоритет на безбедноста на храната. Редовните инспекции од Агенцијата за храна и ветеринарство на Северна Македонија се изведуваат на структуриран начин според годишни и месечни планови, додека производите се детално контролираат со цел да се идентификува каков било недостаток или потенцијален ризик. Последно, беше спроведена детална контрола од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство на РСМ со цел добивање одобрение за извоз на производи од животинско потекло во земјите на Европската Унија – уште еден значаен чекор кон растот и интернационализацијата на Даути Комерц.

 

Изјава: Мухамед Ибрахими – Менаџер за квалитет и сертификација во Даути Комерц


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам