14.05.2025
DAUTI KOMERC во С. Македонија доби лиценца за извоз на производи од животинско потекло во ЕУ!
Компанијата DAUTI KOMERC ја доби дозволата за извоз на производи од животинско потекло на пазарот на Европската Унија. Согласно членовите 17 и 51 од Законот за безбедност на храна и член 6 од Правилникот за формата и содржината на регистарот на институции и оператори со храна од неживотинско потекло, како и регистарот на институции и оператори со храна од животинско потекло, Агенцијата за храна и ветеринарство ја сертифицираше компанијата DAUTI KOMERC како овластен извозник во земјите-членки на ЕУ.
Врз основа на официјалната одлука издадена на 6 мај 2025, DAUTI KOMERC е регистрирана како овластен субјект за:
-производство, преработка и ракување со храна од животинско потекло. Ова вклучува храна од животинско потекло како свежо или преработено месо (салам, суджук итн.), млечни производи (сирење, путер, јогурт итн.), производи со јајца или риба;
-чување на замрзнати и разладени производи под контролирани температурни услови; безбедно складирање на производите за извоз во земјите на ЕУ;
-складирање на производи за извоз во ЕУ – што значи дека храната се чува во безбедни услови за испорака на европските пазари.
Објектот на компанијата, лоциран на патот Сарај – Скопје, содржи 9 ладилни простории со вкупен капацитет над 1.000 м³, со температури од +4 до -18 степени Целзиусови, изградени и опремени според највисоките европски стандарди за безбедност на храна; една претходна ладилна просторија со капацитет од 1.740 м³ и магацин со капацитет од 53.600 м³. DAUTI KOMERC работи според меѓународните стандарди за квалитет ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, сертифицирани од Quality Austria, обезбедувајќи свежина, сигурност и доверливост во секој чекор на синџирот на снабдување.
Овој посебен статус ѝ овозможува на компанијата не само да ги извезува своите производи, туку и да понуди поддршка за други компании кои сакаат да влезат или се прошират на европските пазари. DAUTI KOMERC нуди модерна инфраструктура, долгорочно пазарно искуство и усогласеност со европските стандарди за безбедност на храна – клучни елементи за извозен успех.
Компанијата DAUTI KOMERC, до број на идентигикација на оператор со храна MK 01 00 0279, е подготвена да им излезе во пресрет на бизнисите од Северна Македонија и регионот на Балканот кои имаат цел да навлезат или да се прошират на пазарите на ЕУ, со повик да ја разгледаат DAUTI KOMERC како сигурен и сертифициран партнер во овој важен процес.