17.05.2025





Даути Комерц: Безбедноста како стратешки приоритет на сите нивоа на работење

Во интервју за домашен медиум, компанијата Даути Комерц ги сподели своите практики и стандарди во областа на физичката и дигиталната безбедност, нагласувајќи дека ова е една од клучните столбови на нејзиното секојдневно работење.

 

„Безбедноста на податоците, на работниот систем и најмногу на вработените е еден од нашите најголеми приоритети,“ – потенцираа од компанијата. Dauti Komerc има развиено сеопфатен пристап кон безбедноста кој ги опфаќа:

Користење на напредни системи за заштита на податоци и контрола на пристап; Обука и сертифицирање на сите вработени за управување со опрема и работа во безбедносни услови; систем за следење на производите низ целиот синџир на дистрибуција и транспорт; инвестиции во дигитална безбедност преку резервни сервери, напредни Firewall системи и интерна SQL платформа;онтинуирана обука за персоналот во согласност со најновите безбедносни стандарди и справување со критични ситуации. Дополнително, посебно внимание е посветено на физичката безбедност во магацинските и производните простории. Dauti Komerc одговара на современите предизвици со одржлива стратегија, вклучувајќи ги сите вработени во мисијата за создавање безбеден и сигурен работен амбиент.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам