01.08.2025





Dauti Komerc оствари средба со г. Ѓорѓи Петрушев, Генерален директор на Бимилк

Во просториите на нашата компанија, Dauti Komerc, имавме чест да го пречекаме г. Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на компанијата Бимилк – лидер во индустријата за преработка на млеко во Северна Македонија.

 

Домаќин на средбата беше г. Џемаил Даути, извршен директор на Dauti Komerc – компанија специјализирана за дистрибуција на производи за широка потрошувачка на национално, регионално и меѓународно ниво. Како едно од највлијателните имиња во секторот за трговија и логистика, Dauti Komerc има изградено широка мрежа за дистрибуција и стратешки партнерства, што ја позиционира како клучен играч на пазарот на прехранбени и потрошувачки производи.

 

За време на средбата се разговараше за проширување и продлабочување на соработката меѓу двете компании, размена на искуства во стратешкиот менаџмент, како и за предизвиците и можностите на пазарите во регионот и пошироко. Беше истакната важноста на иновациите во синџирот на снабдување, прилагодувањето кон барањата на пазарот и посветеноста кон обезбедување на квалитетни производи за крајните потрошувачи.

 

Г. Петрушев ја сподели својата богата експертиза во водењето на големи компании и нивната трансформација во успешни и одржливи организации, додека г. Даути го претстави визијата и стратешките цели на Dauti Komerc за проширување и одржлив развој.

 

Оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на партнерствата и отворање нови можности за плодна соработка во иднина.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам