18.08.2025





Генералниот директор на Даути Комерц, Џемаил Даути, на официјална средба со гувернерот Трајко Славески

Генералниот директор на Даути Комерц, Џемаил Даути, учествуваше на официјална средба со гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, д-р Трајко Славески. На оваа средба, Даути презентираше низа предлози од значење за економскиот развој и подобрување на финансиските услови во земјата.
Тој ја истакна потребата од следење на монетарниот концепт применет во Албанија, кој покажа успешни резултати во последните пет години. Според него, клучно е да се донесат храбри одлуки за добросостојбата на граѓаните и бизнисите, вклучувајќи:
Олеснување на работењето на бизнисите преку имплементација на двовалутен систем на домашниот пазар.
Воведување на флуктуирачки девизен курс, контролиран до 3%, наместо фиксен курс, со цел да се обезбеди истовремено флексибилност и стабилност.
Средбата се одржа во рамките на посетата на делегацијата на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, предводена од в.д. претседателот Нухи Алиу, а присуствуваа и други високи претставници на Комората. На средбата беа присутни и заменик-гувернерите д-р Фадил Бајрами и г-ѓа Емилија Нацевска, советничката на гувернерот.
За време на дискусиите, беа презентирани повеќе конкретни предлози, како намалување на каматните стапки за кредитите, намалување на провизиите за плаќања преку ПОС-терминали, прифаќање на депозити во инвестициски фондови како колатерал, ревизија на банкарските провизии, поставување лимити на кредитните рати, како и разгледување на можноста за примена на двовалутен монетарен систем за зголемување на финансиската флексибилност и олеснување на меѓународната трговија.
Гувернерот Славески ги оцени предложените сугестии и изрази подготвеност на Народната банка да ги разгледа детално, потврдувајќи дека вратата за понатамошна соработка останува секогаш отворена.
Дауту Комерц, преку ангажманот на своето раководство, продолжува да придонесува во поттикнување на конструктивен дијалог со клучните институции во земјата, со цел создавање на постабилна и поконкурентна економска клима.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам