21.08.2025
Признание за посветеност, лојалност и исклучителен придонес
Во топла и благодарна атмосфера, генералниот директор на дистрибутерот на производи за широка потрошувачка Dauti Komerc, г. Џемаил Даути, лично додели додели признание на г-ѓа Дурије Идризи за нејзиниот долг и плоден професионален пат од цели 16 години и 7 месеци (од 20.01.2009 до 31.08.2025), исполнет со посветеност, професионалност и неуморна работа во остварувањето на заедничките цели.
Во текот на целиот овој период, Дурије не беше само вреден работник, туку вистински пример и инспирација за колегите и соработниците – демонстрирајќи високи човечки и професионални вредности, лојалност кон компанијата и искрена посветеност кон своите секојдневни обврски. Нејзиниот придонес претставува основен темел во изградбата на стабилна, сигурна и вредносно ориентирана компанија.
Ова признание претставува многу повеќе од формално благодарење – тоа е доказ за нашата длабока почит кон луѓето кои со својот труд и посветеност оставиле неизбришлива трага во историјата и успехот на Dauti Komerc.
Во име на целиот тим, искрено Ви се заблагодаруваме за секој ден ангажман, за секој предизвик со достоинство надминат и за сите заеднички постигнувања.
Ви посакуваме од срце континуиран успех, здравје, среќа и исполнетост во секој Ваш нареден чекор, како на професионален така и на личен план!