16.04.2025
Извршниот директор Џемаил Даути беше домаќин на средба со адвокатот Дрилон Исени
Генерален директор на компанијата “Даути Комерц”, Џемаил Даути оствари средба со адвокатот Дрилон Исени, кој претходно беше извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).
Во пријателска и конструктивна атмосфера, двајцата разговараа за досегашната соработка, за заедничките успеси, како и за предизвиците со кои се соочиле. Беше истакната подготвеноста за продолжување на партнерството и отворање на нови можности за заеднички иницијативи.
Дрилон Исени, по успешното водење на СКСЗМ каде што играше клучна улога во подобрување на бизнис климата и економските политики, денес ја води својата адвокатска канцеларија, специјализирана за правна поддршка на компании и стопанственици.
Во текот на разговорот, директорот Џемаил Даути и адвокатот Дрилон Исени ја истакнаа важноста од справување со заедничките предизвици и промовирање на одржливиот економски развој. Двете страни се обврзаа на продолжување на соработката и истражување на нови можности кои ќе придонесат натамошен раст и развој.
Овој состанок претставува уште еден чекор кон зајакнување на мостовите помеѓу професионалците кои имаат заедничка визија за економски напредок и социјална благосостојба.
