16.07.2025
Barry Callebaut
На 12 јуни 2025 година, во просториите на “FJ Culinary School” во Скопје, успешно се организираше еден исклучителен и инспиративен настан за сите љубители на слаткарството и професионалците од оваа област – официјалната презентација на производите на светски познатата компанија Barry Callebaut, предводена од меѓународниот чоколаден шеф Remy Delette.
Barry Callebaut е еден од светските лидери во индустријата за чоколадо и какао. Компанијата наскоро ќе го одбележи својот 200-годишен јубилеј, а настанала како резултат на спојување на Barry Cacao од Франција и Callebaut од Белгија пред 30 години. Денес, седиштето на компанијата се наоѓа во Швајцарија.
Компанијата поседува повеќе од 64 фабрики низ целиот свет, а е главен снабдувач на некои од најпознатите светски и регионални брендови како Nestlé, Kit-Kat, Mars, Snickers, како и Bananica, Najlepše Želje, Medeno Srce, Vincini и други. 25% од чоколадото што се консумира во светот содржи чоколадо од Barry Callebaut – доказ за глобалната моќ на овој бренд.
Настанот претставуваше единствена можност за подобро запознавање со производите, квалитетот и практичната примена на професионалното чоколадо на Barry Callebaut, благодарение на техничката поддршка на шеф Remy Delette, кој е и директор на „Chocolate Academy“ во Белград – една од 27 академии низ светот, основани од Barry Callebaut со цел да ги едуцира и поддржи професионалците во областа на чоколадото.
Настанот беше овозможен преку соработката со компанијата Dauti Komerc, официјален застапник на производите на Barry Callebaut во Северна Македонија, и кулинарската академија FJ Culinary School, која ги отвори своите врати за реализација на овој едукативен и промотивен настан.
Настан исполнет со искуство, вкус, креативност и нови идеи – чекор поблиску до пренесување на магијата на професионалното чоколадо на локалниот пазар и инспирирање на идните генерации слаткари.
https://www.youtube.com/watch?v=HELr5hySuq0