23.07.2025





Даути Комерц дава пример на солидарност: Поддршка за Frikom по катастрофата од пожарите

Во тешки денови за многу бизниси во Македонија, солидарноста и взаемната помош ги покажуваат најважните човечки и општествени вредности. Овој пример го даде Даути, водечка компанија во секторот на дистрибуција на брзообртни потрошувачки производи, која без никаков двоумење и помогна на компанијата Frikom, нудејќи ги своите простории за продолжување на работата, по оштетувањето на магацинот на Frikom во Чучер-Сандево од последните пожари.

Иако Даути Комерц и Frikom немат трговска соработка, раководителите на компанијата Даути Комерц ја истакнуваат важноста на помошта и солидарноста во тешки времиња, покажувајќи дека над сè стои хуманизмот и одговорноста едни кон други. Генералниот директор на Даути Комерц, Џемаил Даути , објаснувајќи ја оваа непосредна одлука за да и помогне на компанијата FRICOM, кратко рече: "На несреќата на другиот не градиме наше среќа."

Благодарение на поддршката на Dauti Komerc, Frikom успеа да најде брзо решение со привремени простории и да продолжи без прекини во својата продажна мрежа.

Овој акт на солидарност покажува дека бизнисите во земјата, без разлика на конкуренцијата или соработката, можат и треба да бидат заедно кога некој од нив се соочува со големи потешкотии.

Компанијата Frikom изрази благодарност и признание за овој гест на компанијата Dauti Komerc, изјавувајќи дека тоа е пример за што треба да се следи, затоа што кога бизнисите си помагаат, целата економија на земјата има корист.

https://youtu.be/CiQZUiQEiew?si=JcTQxEnzDFcugWj7


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам