23.04.2025
Учество на Даути Комерц на саеми и образовни активности
Даути Комерц учествуваше на Саемот за вработување 2025, одржан во април при Меѓународниот балкански универзитет. Студентите имаа можност поблиску да се запознаат со работата на компанијата и да аплицираат за пракса и вработување.
За време на Отворениот ден на АСУЦ „Боро Петрушевски“, беше презентирана дејноста на компанијата, како и реализирани интервјуа со ученици заинтересирани за пракса и работно ангажирање.
Овие настани придонесоа за зголемување на препознатливоста на Даути Комерц како реална можност за професионален развој.
 
|