06.03.2026





Dauti Komerc дел од Традиционалниот ифтар на СКСЗМ

Почесниот претседател на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Џемаил Даути и извршниот директор на Dauti Komerc, г. Хамим Даути, учествуваа на Традиционалниот ифтар организиран од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ), настан кој ги обедини институциите и бизнис-заедницата во духот на партнерството и општественото единство.

Ифтарот беше организиран во просториите на компанијата членка „Nita Palace“ и собра претставници на бизнис-секторот, институциите, партнери и медиуми. Настанот го почестија со своето присуство и претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.
Во текот на вечерта беше истакната важноста од зајакнување на дијалогот меѓу приватниот сектор и јавните институции, како основа за одржлив економски развој и општествена стабилност. Претставниците на Dauti Komerc ја потврдија посветеноста на компанијата за активно придонесување во иницијативи што ја поттикнуваат соработката, довербата и вредностите на солидарност.
Ваквите традиционални настани претставуваат мост помеѓу бизнисот и институциите, создавајќи простор за директна комуникација и градење долгорочни партнерства во интерес на заедницата и економијата на земјатa.



Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам