04.03.2026
Џемаил Даути учествуваше на средбата со Претседателот на Собранието за измените на Законот за извршување
Раководството на СКСМ одржа официјална средба со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, каде во фокус беше Предлогот за измена на Законот за извршување, со посебен акцент на членот 218, кој е актуелно објавен во ENER.
На оваа средба учествуваше и Почесниот претседател, Џемаил Даути, истовремено основач и генерален директор на Dauti Komerc, кој нагласи значењето на создавање правна и балансирана средина за сите економски оператори. Даути потенцира дека сериозните и одговорни компании имаат потреба од транспарентен, ефикасен и еднаков извршителски систем, кој гарантира правна сигурност и ги елиминира сите елементи на фаворизирање кон јавните претпријатија.
Од СКСМ истакнаа дека воспоставувањето јасни механизми за отчетност е клучно за зголемување на довербата на приватниот сектор во државните институции и за зајакнување на инвестиционата клима во земјата. Тие нагласија дека еднаквоста пред законот и фер конкуренцијата се предуслови за одржлив економски развој.
За Dauti Komerc, како една од водечките компании во секторот на дистрибуција и трговија, ангажманот во вакви институционални процеси претставува одговорност и конкретен придонес во изградбата на пофер и по транспарентен пазар за сите.