12.03.2026





Џемаил Даути на Телма: Стабилноста на снабдувањето останува приоритет за бизнисот

Генералениот директор на компанијата Даути Комерц, Џемаил Даути, ги коментираше последните случувања на Блискиот Исток и можните влијанија врз економијата, нагласувајќи ја важноста на стабилноста на снабдувањето на пазарот. Во изјава за телевизија Телма, тој истакна дека бизнисите внимателно ја следат ситуацијата, но не гледаат причина за алармантни сценарија.

Според Даути, дури и ако меѓународните тензии можат да донесат одредени осцилации на пазарот, не се очекува драстично зголемување на инфлацијата.
„Не верувам дека ќе има голема инфлација. Може да се создаде мал бран, но поважно е континуитетот на снабдувањето отколку зголемувањето на цените“, изјави тој.
Тој исто така нагласи дека во вакви ситуации нема причина за избрзани реакции од страна на потрошувачите.
„Нема потреба да се создаваат резерви. Доколку производите се во маркетите или дома, најважно е тие да бидат достапни на пазарот“, рече Даути, подвлекувајќи дека снабдувањето останува стабилно.
Во исто време, тој додаде дека и бизнисите и институциите треба да постапуваат со претпазливост и координација, следејќи ги случувањата и подготвени за секое можно сценарио, без да се создава непотребна паника на пазарот.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам