27.12.2022
Благодарница за придонес во филантропијата
Компанијата „Даути Комерц“ доби признание од Стопанската комора на северозападна Македонија, за придонесот во делот на општествената филантропска одговорност.
Во просториите на Стопанска комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) се организираше Бизнис форум и беше промовирана Белата книга за добри филантропски и ООП практики. Белата книга ја промовира филантропијата и ги насочува компаниите да донираат на системски начин водени од потребите и приоритетите на заедницата. Таа ги информира сите засегнати страни за влијанието и вредноста што ја имаат кон општеството. Компаниите коишто ја прифаќаат општествена одговорност како дел од водењето успешен бизнис се грижат за нивнито еколошко, социјално и управувачко влијание. Тие најнапред го намалуваат своето негативно влијание врз животната средина и општеството, а потоа позитивно влијаат врз заедниците за да создадат дополнителна вредност.
Оваа активност се реализираше во рамките на Проектот на УСАИД Партнерства за донирање , во соработка со здружението Konekt, со Европскиот центар за непрофитно право, Индиго и Американската стопанска комора (АМЧАМ)
|