09.03.2023





Џемаил Даути: Владата да ги замрзне цените, но да ги намали давачките за царината

Директорот на компанијата „Даути-Комерц“, Џемаил Даути, во изјава за телевизијата „Телма“, коментирајќи ги најавите на владата, поточно на Министерството за економија, за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи, оценува дека не е реално владата да се вмеша, но ако тоа се случи тогаш ќе бидеме принудени да го намалиме увозот, за да не работиме со загуби. Како мерка и предлага на Владата намалување на даноците во царината. 

„Реално кажано, не е пријатно државата да се меша во пресметките на цените и пазарот, пазарот мора да биде слободен. Но, ние ја разбираме оваа ситуација и целта што сака да ја постигне владата. Им ги дадовме нашите пресметки за да ги разгледаат. Ако детално ги разгледаат и разбераат, нема простор, ниту во маржата што ги покриваме трошоците, да се намали. Ако владата сака да донесе таква  одлука за замрзнување на цените, мора да пресмета за намалување на царинските давачки.  Доколку не притиснат да работиме со загуба, ќе се обидеме да ја покриеме таа загуба или ќе се намалат количините на увозот,но нема да го оставиме пазарот без производи “, изјави Џемаил Даути, Генерален директор на компанијата „Даути-Комерц“. 

Се уште е недефинирано дали Министерството за економија на владината седница ќе предложи замрзнување на цената на тестенините и млечните производи. 


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам