15.05.2023
Директорот Џемаил Даути учествуваше во изработката на Националната стратегија за развој
Високиот претставник на УНДП во Скопје, Марија Карајевска во просториите на компанијата се сретна со директорот г-дин Џемаил Даути. На оваа средба се разговараше за изготвувањето на Националната Цтратегија за Развој 2022-2042 година, стратешките области и можностите за предлози.
Директорот Џемаил Даути изнесе неколку конкретни предлози од областа на економскиот развој и побара Националната Стратегија да биде изгласана во собранието со две третинско мнозинство од гласовите како и контролен механизам за спроведување на предлозите.
Во изработката на Националната Стратегија за Пазвој беа вклучени Министерството за финансии, Вицепремиерот за економски прашања, Кабинетот на претседателот, претставници на собраниските комисии, политичките партии, МАНУ, Стопанските комори, невладини организации и меѓународни експерти.
|