02.10.2023





„Даути-Комерц“ го постави камен-темелникот на Извозниот центар

Компанијата „Даути-Комерц“ го постави камен-темелникот на Извозниот Центар во Сарај, Скопје. Просторот на Извозниот Центар ќе биде со површина од 30 илади метри квадратни и ќе има капацитет од 50 илјади тони стока и ќе биде според современите трендови. Компанијата континуирано реализира капитални инвестиции во зголемување на логистичките капацитети. 

Генералниот директор на компанијата „Даути-Комерц“, Џемаил Даути, рече дека изградбата на Центарот е наметната како потреба за развој на компанијата, која е насочена кон извоз на локални производи на европските пазари и ќе биде двигател на бизнисот во земјава. „Ние го трансформираме начинот на трговија во понапредна форма. Домашнитепроизводители сами немаат моќ да бидат на пазарите во ЕУ, но ние сме специјализирани во дистрибутивниот дел и ќе создаваме нови можности“, изјави Џемаил Даути, генерален директор на „Даути-Комерц“. 

На овој  настан на камен теме-лникот присуствуваа градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, Нагип Фејзи, претседател на Сеалбанскиот економски форум, претседателот на СКЗМ Менди Ќира и бизнисмен од земјава. 


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам