11.11.2023
„Даути-Комерц“, дел од регионалниот правен бизнис форум во Златибор
Раководителот на правниот сектор на компанијата „Даути-Комерц“, Фросина Штрлеска учествуваше на првиот Регионален правен бизнис форум што се одржа во Златибор, Србија. Присутни беа околу 300 правници од земјите на Западен Балкан, меѓу кои и раководители и на правна служби.
Целта на Форумот беше да се направи стручна анализа на најактуелните теми во работењето, да се стави акцент на најважните теми на денешницата со акцент на новите технологии, да се поттикне регионалната соработка преку размена на искуства со експерти од соседните земји, да се унапредат личните компетенции и да се отворат прашањата за подобрување на положбата на корпоративните правници.
Правниците, адвокатите, професорите и судиите дискутираа за повеќе важни теми и прашања поврзани со правните аспекти на дигиталното работење, управување со проблематичните побарувања, најважните чекори за усогласување на работењето со правото на конкуренција, правните аспекти на прекуграничното работење, cybersecurity и управување со ризици, complience, правни операции и иднина на правната професија со влијание на inhouse правниците итн.
Форумот беше во организација на Српското здружение на корпоративни правници (UKP) и Стопанската комора на Србија, а партнер и поддржувач беше и Македонската асоцијација на корпоративни правници, која што се претстави со посебен панел “Arbitration – reneëed perspective for the counsels and their companies in the region”.