13.11.2023





„Даути-Комерц“, дел од регионалната конференција за олеснување на трговијата

На регионалната конференција за олеснување на трговијата, Царината на Албанија, со поддршка на ГИЗ, ја организираше Регионалната конференција за олеснување на трговијата „Зајакнување на партнерства и соработка во дигиталната ера“, која се одржа од 8 до 9 ноември во Тирана.

На оваа конференција присуствуваше и претставникот на компанијата „Даути-Комерц“, Msc. Муахмед Ибраими, каде имаше низа средби со високи делегации од царинските управи и други релевантни институции од регионот.

 

Конференцијата собра околу 200 високи државни и деловни претставници од Западен Балкан, Молдавија, земјите-членки на ЕУ, Европската комисија, Светската царинска организација и САД, каде е потенциран  важноста за поблиска соработка за искористување на потенцијалот на партнерствата создадени во развивачки дигитален пејзаж, кои цело време евалуираат.

 

Постигнатиот напредок за царинските олеснувања, благодарение на имплементацијата на низа трговски договори, е значаен показател. Усогласувањето на царинските постапки со оние на заедничкиот европски пазар е од приоритетно значење во оваа насока.


Даути Комерц АД

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам