01.03.2024
„Даути-Комерц“ ја проширува својата дејност во САД
Компанијата „Даути-Комерц“ континуирано ја развива својата трговска дејност. Нејзин предизвик е развојот на извозот со домашни производи. Досега нејзиниот фокус беше пазарот на земјите од Европската унија, како што се Германија, Австрија, Швајцарија, Италија и други земји. Овие пазари на ЕУ континуирано се снабдуваат со домашни производи од Северна Македонија.
Сега започна трговската соработка и со компании од Соединетите Американски Држави, поточно во извозот на производи од домашни производители. Првиот извоз беше успешно извршен во САД, поточно во градовите Њујорк и Конектикат, каде беше испратен првиот контингент и истата продажна линија ќе продолжи и во иднина. Тврдењата и планирањето на компанијата се дека оваа соработка во иднина уште повеќе ќе се развива во сите градови на САД.
|