29.03.2024
Секторот за сметководство учествува на регионалната конференција „Сметководството во регионот, трендови, предизвици, стандарди и перспективи“
Во Скопје се одржа првата регионална конференција на тема „Сметководство во регионот, трендови, предизвици, стандарди и перспективи“, на оваа конференција учествуваше генералниот директор на компанијата г-дин Џемаил Даути, каде беше придружуван на сметководствениот сектор во компанијата „Даути-Комерц“. Сметководствениот сектор во нашата компанија континуирано најпрофесионално ја врши работата следејќи ги и имплементирајќи ги трендовите и напредните стандарди во сметководствената дејност.
На овој настан учествуваа околу 300 сметководители, претставници на професионални организации на сметководители и финансиски работници од регионот, како и институции, организации и компании од земјава, меѓу кои и локални и меѓународни експерти од оваа област.
Неопходна е јасна институционална поддршка и соработка меѓу сите актери и партнери во процесот, како и користење на искуствата на земјите од регионот за да се овозможи понатамошен развој на сметководствената дејност и унапредување на статусот на професионални сметководители во нашата земја, ова беше главната порака на оваа регионална конференција.
|