30.01.2025
ЏЕМАИЛ ДАУТИ: ДРЖАВАТА МОРА ДА ГО РЕГУЛИРА ПАЗАРОТ И МЕРКИТЕ НА НАДЗОР
Генералниот директор на „Даути Комерц“, Џемал Даути, како гостин во емисијата „Топ Тема“, говореше за флуктуација на цените на нашиот пазар. Тој изјави дека државата има обврска да создаде праведни услови на пазарот, земајќи примери од меѓународните практики, како оние на ЕУ или САД. Нагласи дека е важно да се заштити конкуренцијата и да се елиминираат неправдите на пазарот. Анализираше и потребата за намалување на даноците и креирање политики кои ги фаворизираат потрошувачите и бизнисите.
|